Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската е-спорт репрезентација славеше со 2-1 против Украина во финалето на Европското првенство (ЕП) во „Кантер Страјк Глобал Офензив“.
Македонија ја загуби првата мапа со 5-16 на „Даст 2“, но потоа следеше пресврт откако македонските репрезентативци беа подобри на „Мираж“ со 16-5 и „Вертиго“ со 16-13 по голема битка.
Минатата година македонската репрезентација стана и светски шампион, откако славеше со 16-10 и 16-11 во финалето против Романија.