Македонија ги слави Митревски и Лазаров: Победа против Украина за старт на Европското првенство


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија стигна до важна, но многу тешко извојувана победа во првиот натпревар од Европското првенство против селекцијата на Украина.

Избраниците на Данило Брестовац во драматичен крај, со гол во последната секунда славеа со 26:25.

Нашите ракометари во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот, меѓутоа  Украина со добра серија се врати во финишот и на крајот успеа дури и да го израмни резултатот. За среќа тука беше присебниот Кире Лазаров кој на една секунда до крајот го постигна одлучувачкиот погодок.

Феноменален меѓу стативите беше и Никола Митревски кој успеа да собере вкупно 15 интервенции. Кире беше најефикасен со осум погодоци и исто толку асистенции, додека шест погодоци постигна Столе Стоилов кој повторно одигра одличен натпревар во националниот дрес.