Македонија го дозна патот кон Мундијалот во Катар


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација се избори за баражот за пласман на Светското првенство (СП) во Катар, кое ќе се одигра догодина, а на денешната ждрепка нашите фудбалери го дознаа патот до најголемиот фудбалски спектакл.

Македонските фудбалери како неносители за противник во полуфиналето ја добија репрезентацијата на Италија, додека во финале ќе играат против победникот од мечот меѓу Португалија и Турција.