Македонија го дозна распоредот на натпревари во квалификациите за СП 2022


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Македонија го дозна распоредот на натпревари во квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар 2022 година, а ќе го отвориме циклусот со гостување кај Романија, а потоа и кај Германија, по што ни следи битка на домашен терен против Лихтенштајн.

Квалификациите ќе почнат на 25 март во Романија од 20.45 часот, а потоа следи дуел против Лихтенштајн на 28 март, додека на 31 март одиме на гости кај Германија.

Потоа на гости ни доаѓа ЕрМенија на 2 септември, па ние ќе гостуваме кај Исланд на 5 септември и потоа на домашен терен против Романија.

Лихтенштајн ќе нè пречека на 8 октомври, а три дена подоцна ние ја чекаме Германија во Скопје. Последните два меча се играат против Ерменија на гости на 11 ноември и на крајот против Исланд на 14 ноември.