Македонија го испрати Имобиле во пензија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Лацио и италијански репрезентативец, Чиро Имобиле планира да се повлече од селекцијата на „аѕурите“ кои не обезбедија место на Мундијалот во Катар.

Имобиле е разочаран по поразот од Македонија во полуфиналето на баражот со 0-1 сред Палермо, па решил да замине во пензија.

Италијанскиот напаѓач наводно сакал да им го остави неговото место на помладите колеги во репрезентацијата, како Џанлука Скамака.

Имобиле беше еден од најкритикуваните по поразот од Македонија, а тоа ги преминало сите граници и го натерало да се повлече од репрезентацијата, иако сè уште нема официјална потврда за такво нешто, туку шпекулации во медиумите. Во секој случај, Италијанецот останува во нападот на Лацио, каде што игра фантастично.