Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Репрезентацијата на Македонија славеше минимална победа од 1:0 против Израел. Стрелец на единствениот погодок беше Бобан Николов со гол во финишот на првото полувреме.
Со оваа победа, но и со поразот на Словенија во Полска од 3:2, нашата репрезентација стигна до третата позиција на табелата во групата.
Македонија имаше целосна доминација кога во прашање беа шансите на натпреварот и вистинско чудо е како мрежата на Израел остана затресена само еднаш.
Ова е одлична победа која дополнително ќе ја крене самодовербата пред полуфиналниот натпревар од Лигата на нациите против Косово.