Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација ја заврши групната фаза на Европското првенство (ЕП) со три порази од Данска, Црна Гора и Словенија, па така го добивме и најлошиот настап на турнирот.
Македонија ја заврши својата авантура на ЕП на 22. место од 24 репрезентации на турнирот, а од нас полоши беа само Босна и Херцеговина, како и Украина.
Ракометарите за првпат во историјата на едно ЕП не освоија ниту бод во групната фаза, па поради лошиот пласман ќе игра и два баражи за Светското првенство (СП), кое е закажано за јануари 2023 година.
Во првото коло, односно првиот бараж ќе бидеме носители, а доколку се пласираме понатаму, тогаш ќе добиеме посилен противник.