Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот сојуз на Македонија неодамна понуди неколку опции за завршување на сезоната, меѓу кои беше и прекин, но по состанокот со клубовите беше решено да се доигра сезоната.
Според одлуката, не требаше да има испаѓања во понизок ранг, па лигата следната сезона требаше да брои 12 клубови.
Меѓутоа, во претходните денови во Македонија дојде нов зголемен бран на Ковид-19, по што се закомплицира ситуацијата за рестартот на првенството.
По неколку позитивни тестови и во македонските клубови, Македонија ЃП реши да ги запре клупските активности затоа што здравјето на вработените и фудбалерите е на прво место.
„Ние сме клуб кој се грижи за здравјето на нашите фудбалери и вработени, од денес ги запираме сите активности и чекаме нови упатства од фудбалскиот сојуз“, соопштија од клубот.