Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија Ѓорче Петров славеше во финалето на Купот на Македонија по пенали против Силекс со 4-3 и избори настап во Европа.
Во регуларните 90 минути гледавме тврд натпревар без многу шанси на двете страни, беше забележително дека и двете страни повеќе мислат на сопствениот отколку на противничкиот гол, по што победникот се бараше во продолженијата.
Меѓутоа ниту таму екипите не постигнаа гол кој ќе им ја донесе победата, па на пенали Македонија ЃП беше поуспешен тим.
Херој беше Стевковски, голманот на Македонија ЃП кој во два наврати успеа да одбрани во пенал серијата. Попзлатанов се посрамоти, сакаше со „паненка“ да даде гол, но тој удар беше очаен. Победникот го реши Емини во одлучувачкиот пенал.