Македонија ЃП се засили со Бразилец


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Прволигашот Македонија Ѓорче Петров соопшти дека Џонатас Жилберто да Силва од Бразил е најново засилување на тимот.

Централниот дефанзивец има 27 години и доаѓа од бразилскиот тим Перолас Неграс, кој треба да ѝ помогне на Македонија ЃП да се врати на победнички патеки.

Македонија ЃП вчера се раздели со четворица фудбалери, меѓу кои беа Андреј Јаго, Ристе Темелков, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски.