Македонија храбро се бореше, но загуби од Холандија во Амстердам 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија одигра солиден натпревар против гигантот Холандија и загуби со 0-3, иако постигна два гола кои ни беа поништени поради недозволена ситуација.

Првото полувреме почна многу добро за Македонија, која се закани преку Александар Трајковски и погоди статива, а претходно му беше поништен гол на Иван Тричковски.

Потоа Холандија постигна контроверзен гол, кој можеби го одреди текот на целиот натпревар затоа што постоеше прекршок врз Горан Пандев пред да постигнат гол домаќините за 1-0.

Во вториот дел Холандија го скрши отпорот на македонските репрезентативци и постигна уште два гола, а нашиот голман Столе Димитриевски со неколку добри интервенции го спаси нашиот гол од поубедлив пораз.

Во секој случај, Македонија ќе остане запаметена по храбрата игра во натпреварот, кој ќе го паметиме и по тоа што капитенот Горан Пандев ја заврши репрезентативната кариера.