Македонија храбро се бореше, но загуби од Хрватска во Пореч


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонските ракометари загубија во Пореч од Хрватска во првиот контролен меч на „Кроација Купот“ со 34-40.

Најголем проблем на Македонија во овој дуел беше одбраната, а тоа можеше да се забележи во текот на целиот натпревар.

Хрватска водеше со 10-6 на стартот, по што Македонија израмни на 15-15, меѓутоа нашиот ривал повторно го засили темпото и избега на три разлика (22-19).

И во вториот дел се водеше идентична битка, а Хрватска во завршницата го реши дуелот и запиша победа во пријателската средба.

Македонија утревечер од 20.15 часот го игра вториот контролен меч во Пореч, а овој пат ривал ни е Израел.