Македонија и без неколку важни фудбалери е фаворит против Естонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По историскиот успех и победата над Косово, Македонија гостува во Естонија во рамки на третото коло од групата во Лигата на Нации. Естонија важи за најслаба репрезентација во групата, па од таму и големата фаворитска улога на Македонија.

Македонија мора до три бода во Талин

Косово е веќе зад Македонија и сега вниманието е насочено кон Естонија, барем според селекторот Ангеловски. Да не се повторуваме во секоја анализа на Македонија, па сега ќе се насочиме само кон овој меч. Македонските репрезентативци се во еуфорија, но тоа ќе мора да запре пред стартот на мечот ако сакаме победа. Немам сомнеж дека ако одиграме барем приближно како против Косово, дека ќе славиме победа, но тоа ќе биде тешко. Сепак, ако Македонија повторно сака да има шанса да се бори за финале пред следното ЕП и можност за пласман на шампионатот, тогаш мора да освои три бода во Талин.

Ангеловски со проблеми и со изменет состав

Дел од репрезенативците се исцрпени, а дел се повредени и воопшто не отпатуваа во Талин. Македонија ќе биде без најдобриот во одбраната Муслиу, без Адеми во средината, како и без Тошевски и Бејтулаи. Тука е проблемот, Ангеловски ќе биде без тројца дефанзивци, а и уште еден се жали на повреда – Стефан Ристовски, но тој веројатно ќе стисне заби и ќе игра. Ќе се менува формацијата и ќе биде 4-2-3-1. Ристовски десно, на централните позиции сигурно ќе бие Велкосвки и веројатно Кире Ристевски, а лево Алиоски. Постои можност да стартува и Зајков, но со него во тимот ќе постои ризик, тој нема одиграно натпревар одамна за својот тим, а и во неколку наврати кога добиваше шанса во репрезентацијата не се покажа баш најдобро.Средниот ред ќе биде резервиран за Николов и Спировски во дефанзива, а пред напаѓачот би требало да бидат Пандев, Барди и Хасани. Како најистурен Тричковски треба да добие шанса пред изморениот Несторовски и Стојановски. Ќе биде интересно да се види, како еден вака изменет состав ќе одигра против Естонија.

Само една победа во три години за Естонија

Естонија е во катастрофална форма. Од 2018 година, тие имаат само една победа на официјална средба и тоа против голем фаворит на гостување – во Грција. Во минатото издание од Лигата на нации, Естонија славеше во Атина со 0:1 и само таа победа им е на Естонците од четирите севкупно, вклучувајќи ги и пријателските мечеви.

Во првата сезона од Лигата на нации, преку која Македонија дојде до финале за пласман на ЕП, Естонија беше последна во групата со четири бода, а во ланските евроквалификации успеаа да освојат само еден бод и тоа на гости кај Белорусија, ремизирајќи без голови. Едвај дадоа два гола на осум меча, а завршија како последни на табелата со реми и седум порази и гол-разлика 2:26. Во првите натпревари од оваа група на Лигата на Нации со Грузија и Ерменија, загубија без да дадат гол. Од Грузија дома загубија со 0:1, а од Ерменија во Ереван со 2:0. Пред овој меч, загубија и од Литванија со 1:3 пред неколку дена во пријателски меч.