Македонија и со бод против Ерменија ќе го освои првото место во групата!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Македонските репрезентативци од 18 часот ќе се обидат да останат без пораз против Ерменија и така да го обезбедат првото место во групата во Ц-дивизија, со што би направиле напредок во Б-дивизија.

Македонија има проблеми со повреди, па селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на многу фудбалери, сепак и нашиот ривал се соочува со главоболки затоа што претходно беше објавено дека четири нивни репрезентативци се позитивни на ковид-19.

Нашата репрезентација е во одлична серија со осум натпревари без пораз, па секако сите сакаме таа серија да продолжи и понатаму, а вечерва Ангеловски ќе се обиде со неговите избраници да освои барем бод, иако најави дека ќе одат на победа.