Македонија има најмногу шанси да биде во иста група со – Португалија!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


На 9 октомври ќе се одржи ждрепката за квалифиикациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година, а на една популарна страна се појави веројатноста за изгледот на групите.

Македонија има најголеми шанси да се падне со Португалија, Босна и Херцеговина, Ерменија и Малта, а тоа воопшто не делува како лоша група.

Португалија секако ќе биде фаворит во групата, но Македонија би можела да ѝ парира на БиХ и на Ерменија во битката за втората позиција.