Македонија има шанса која не смее да се пропушти – триумф против Исланд за бараж на СП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија денеска од 18 часот игра еден од најважните натпревари во историја, и тоа против Исланд на домашен терен, а со триумф против незгодната селекција би се пласирале во баражот на Светското првенство (СП) во Катар.

Исланд знае да биде непријатен противник и тоа многупати досега го покажа, но сѐ е во наши раце и ние ќе мора да славиме за да бидеме сигурни учесници во баражот.

Репрезентативците на Македнија имаа шанса да слават и во Рејкјавик, но прокоцкавме водство од 2-0 во последните 12 минути, па Исланд си извлече бод (2-2).

Селекторот Боби Милевски нема да менува премногу во однос на мечот против Ерменија кој го добивме со убедливи 5-0, па на голот ќе биде Димитриевски, во одбраната ќе бидат Муслиу, Велковски, Алиоски и Ристовски, додека во средината ќе бидат Барди и Костадинов, додека третиот фудбалер не е познат, а нападот најверојатно ќе биде составен од Трајковски, Чурлинов и Ристовски.

Фото: ФФМ