Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија славеше вечерва против Лихтенштајн со 4-0 и така се искачи на второто место во групата на квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар.
До крајот на квалификациите се играат уште три меча, а Македонија ќе има пеколно тешка задача да го задржи второто место во групата.
Македонија има 12 бодови, колку што има и Ерменија, додека трета е Романија со 10 бода, а следниот меч го играме против Германија на 11 октомври во Скопје.
По дуелот против Германија ни следи пеколно тешко гостување кај Ерменија, а последниот меч се игра против Исланд на домашен терен на 14 ноември.