Македонија ја надигра Бугарија, но нашиот источен сосед освои бод! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија одигра 1-1 на гостувањето кај Бугарија во рамки на првото коло од Лигата на нации, иако нашите репрезентативци одиграа одличен меч и имаа шанси да победат.

Бугарија не покажа ништо посебно на теренот, освен кога ни даде гол во првиот нивни напад преку Кирил Десподов, по што Македонија доминираше на теренот до крајот на натпреварот.

Македонските фудбалери имаа шанси, но едноставно не успеаа да ги искористат, со исклучок на таа кога Ристовски погоди за 1-1.

Следниот натпревар на македонските репрезентативци е в недела кај Гибралтар, додека Бугарија игра во Разград против Грузија.