Македонија ја освои Малта и се врати во игра за ЕП (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските фудбалери беа подобри со 2-0 против Малта за втора победа во квалификациите за Европското првенство (ЕП), па така се врати надежта дека може да избориме пласман на шампионатот.

Македонија поведе со голот на Елиф Елмас по само пет минути, додека Јован Манев во завршницата на првото полувреме зголеми на 2-0.

„Црвено-жолтите“ беа одлични на теренот, а Малта на моменти беше агресивна, иако не можеше да избегна пораз против нашите репрезентативци.

Македонија има седум бодови, колку што имаат Италија и Украина и се наоѓаат на делба на втората позиција во групата.