Македонија ја прегази и Црна Гора на ЕП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските одбојкари триумфираа со 3-0 во сетови, односно 25-22, 25-18 и 25-20 против Црна Гора во вториот меч од Европското првенство (ЕП) и тоа треба да биде доволно за пласман во осминафинале.

Црна Гора имаше водство од 5-1 во првиот сет, но Македонија се разбуди и набрзо израмни на 25-25, а потоа го презема водството и го доби сетот со 25-22.

Македонија играше добро и во вториот сет, кој ѝ припадна со 25-18, додека во третиот се водеше поголема борба, но и покрај тоа избраниците на Јошко Миленковски со 25-20 ја остварија втората победа на првенството.