Македонија ја прегази Летонија среде Рига (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација славеше со 3-0 против Летонија во Рига и освои нови бодови во Лигата на нации.

Македонија не импресионира на мечот во Рига, но постигна три гола преку Јани Атанасов, Лирим Ќамили и Елиф Елмас за да го потврди триумфот.

Голот за водство беше дело  на Атанасов во 35. минута од дуелот, додека во вториот дел стрелаше Ќамили во 70. минута, а потоа Елмас ја „запечати“ победата.

По три одиграни кола во Лигата на нации, Македонија е на првата позиција со седум освоени бодови.