Македонија ја совлада Ерменија, Милевски вели – ова е најдоброто од тимот! (Видео)


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Македонија славеше против Ерменија со 3-1 во пријателски натпревар на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Македонските фудбалери доминираа на теренот и ја контролираа играта, а на крајот со головите на Трајковски, Ристовски и Даци го совладаа противникот.

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од настапот на неговите избраници и кажа дека ова е најдоброто од Македонија.

„Мора да бидам задоволен. Имавме осум нови играчи во однос на натпреварот со Украина. Секоја чест за начинот на кој играа. Морам да кажам дека сум презадоволен. Тие се играчите, тоа е ростерот што го има Македонија“, вели Милевски.