Македонија ќе дебитира на ЕП на 13 јуни против Австрија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија денеска обезбеди пласман на Европското првенство во 2021 година, откако победи на гостувањето кај Грузија со 1-0 со голот на Горан Пандев.

Македонските фудбалери на ЕП ќе заиграат во групата Ц против Австрија, Холандија и Украина. А дебито се очекува на 13 јуни на Арената во Букурешт, каде што прв противник ќе ни биде Австрија.

Потоа следи четиридневен одмор, па меч против Украина и Андриј Шевченко, додека последниот меч во групната фаза се игра против Холандија на 21 јуни во Амстердам.