Македонија ќе добие вајлд-карта за настап на СП во Египет?!

ИХФ го откажа баражот за пласман на Светското првенство во Египет, па многу репрезентации не добија можност да се пласираат на Мундијалот.

Сепак, ИХФ ќе додели две вајлд-карти, а српските медиуми пишуваат дека Македонија е фаворит за една од нив.

„Голем број учесници се познати, остана само да ги поделиме вајлд-карттие. Наскоро ќе бидат познати и тие учесници“, кажа претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа.

Српските медиуми објавија дека Србија речиси и да нема шанси да добие вајлд-карта за настап на големото натпреварување, но затоа во борба за покана за Мундијалот се Македонија и Полска.

Освен тие репрезентации, во конкуренција за покана за СП во Египет се и Црна Гора и Русија.