Македонија ќе ги почне квалификациите за ЕП 2022 од вториот шешир!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација дозна денеска дека е во вториот шешир во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека на 16 јуни во Виена ќе бидат познати групите, како и противниците на Македонија во борбата за пласман на големото натпреварување.

Прите две од осум тимови се пласираат директно во Унгарија и во Словачка, а место ќе има и за најдобрите четири третопласирани репрезентации.

Сигурен пласман на ЕП засега имаат Шпанија и Хрватска.