Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија против Исланд го игра последниот меч од мундијалските квалификации, а токму на тој дуел ќе има шанса да го обезбеди второто место во групата и да се избори за бараж.
Романија вчера одигра реми против Исланд и ни направи услуга, па сега сѐ е во наши раце и ќе решаваме на „Тодор Проески“.
Во недела репрезентативците очекуваат голема поддршка, па Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги отвора и источната и западната трибина од Националната арена „Тодор Проески”.
Цената е 100 денари за билет за источната и западната трибина. Влезниците можат да се купат преку MkTickets.
Фото: ФФМ