Македонија ќе игра на завршниот турнир во Европската сребрена лига!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонските одбојкари се пласираа на завршниот турнир во Европската сребрена лига, откако денеска Романија ја прегази Албанија со 3-0 во сетови и така ја остави без можност да заигра во следната фаза.

Романија заврши на првата позиција со 14 бодови, додека Македонија освои 10, колку што има и Албанија.

Причина за пласманот на Македонија на завршниот турнир, иако Албанија двапати нè победи, е тоа што Светската одбојкарска федерација вели дека прво се гледаат вкупниот број победи, а потоа и односот на освоени и загубени сетови.