Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација вечерва игра против Грузија во групната фаза од Лигата на нации, а доколку слави тогаш ќе се искачи на првата позиција.
Македонија и Грузија имаат по пет бода и дефинитивно ова е важен меч за двата тима со оглед на тоа доколку еден од нив победи, тогаш ќе дојде на чекор поблиску до освојување на првата позиција.
Македонскиот селектор Игор Ангеловски мораше да менува во составот поради проблемите со повредени фудбалери, па ќе излезе на теренот во формација 3-5-2.
Репрезентативци кои ќе излезат на теренот се: Димитриевски – Зајков, Велкоски, Ристевски – Ристовски, Николов, Костадинов, Алиоски – Пандев, Тричковски – Несторовски.