Македонија ќе се соочи против Украина во Прага


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонија следниот натпревар во квалификациите за Европското првенство (ЕП) го игра против Украина на 14 октомври во Прага.

Поради воената состојба во Украина, не е возможно мечот да се одигра во државата, па затоа Украинците своите дуели ги играат на различни локации низ Европа.

На последниот меч Украина ја пречека Англија во Вроцлав, Полска, додека со Малта играа во Словачка.