Македонија мора да го победи Косово: Пандев пристигна во Скопје!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Италија се влоши ситуацијата со ковид-19, па многу фудбалери се заразија со вирусот, а дел од нив беа колеги на македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој за среќа остана имун на вирусот.

Поради големиот број случаи со коронавирус (22) Пандев беше неизвесен. Иако на повеќе теста се покажа дека е негативен на Ковид-19, сепак според редовниот протокол не смееше да ја напушти изолацијата.

На крајот неговата желба да игра на историскиот меч против Косово победи. Вложените напори се исплатија, тој денеска пристигна во Скопје и заедно со останатите репрезентативци ќе се подготвуваат за мечот во четврток.

За жал Елиф Елмас беше еден од двајцата позитивни во Наполи, па ќе нема можност да игра во овој дуел. На негово место селекторот Игор Ангеловски го повика Ферхан Хасани.