Македонија му е најголем кошмар: Верати опиша како се чувствува по големиот срам

Еден од најдобрите фудбалер на Италија, Марко Верати не можеше да поверува дека испаднале од баражот за пласман на Мундијалот во Катар, откако во Палермо беа поразени со 0-1 од Македонија.

Ѕвездата на ПСЖ кажа дека овој пораз тешко им паднал и не може да пронајде доволно добри зборови за да го опише.

„Ова е тешко да се разбере. Доминиравме во натпреварот и мораше да победиме. Требаше да постигнеме гол порано и да го завршиме мечот, затоа што бевме супериорни. Ова е многу тешко да се објасни со зборови. Голот на Македонија за мене е – вистински кошмар“, кажа Верати.