Македонија му пресуди: Манчини ќе даде оставка од кормилото на Италија!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација синоќа направи огромна сензација на гостувањето во Палермо, каде што ја совлада Италија со 1-0 и ја елиминираше од баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

Александар Трајковски го постигна единствениот гол, кој скапо ќе го чини и селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, кој решил да си поднесе оставка по неуспехот на неговите репрезентативци.

Новинарот Николо Шира објави дека Манчини ќе соопшти по дуелот со Турција дали ќе остане на кормилото на Италија, иако шпекулациите во медиумите се дека ќе си даде отказ и ќе замне од селекцијата.

Како негови можни наследници се споменуваат Фабио Канаваро, Марчело Липи и Клаудио Раниери.