Македонија не ѝ се плаши на Италија: Милевски ќе го нападне европскиот шампион (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија вечерва го игра историскиот натпревар против Италија во мундијалскиот бараж за место во Катар, а селекторот Благоја Милевски го избра составот со кој ќе излезе на мегдан против „аѕурите“.

Милевски не му се плашии на европскиот шампион и планира да го нападне во Палермо, а на теренот ќе излезат Столе Димитриевски на голот, додека пред него ќе бидат Стефан Ристовкси, Дарко Велковски, Висар Муслиу и Езгјан Алиоски.

Во средниот ред ќе настапат Енис Барди, Аријан Адеми, Бобан Николов и Дарко Чурлинов, додека во нападот ќе бидат Александар Трајковски и Милан Ристовски.

На спротивната страна се Донарума, Флоренци, Манчини, Бастони, Емерсон, Барела, Жоржињо, Верати, Берарди, Имобиле и Инсиње.