Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонските ракометари од 18 часот ќе го играат нивниот втор натпревар на Европското првенство (ЕП) против Црна Гора, а селекторот Кире Лазаров дозна дека нема да може да смета на услугите на Стојанче Стоилов.
Стоилов на последното тестирање на репрезентацијата добил позитивен тест на ковид-19.
„Денеска за жал ќе играме без Стојанче Стоилов, кој на последното тестирање доби позитивен тест на Ковид-19, се надеваме Столе како еден од лидерите ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време“, соопштија од РФМ.
Натпреварот против Црна Гора започнува во 18:00 часот.