Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската федерација на Македонија вечерва ќе ги отвори квалификациите за Европското првенство (ЕП) против Малта.
Малта бележи напредок во изминатите години, но и покрај тоа е далеку од квалитетот на Македонија. Овие две репрезентации досега одиграа шест натпревари, а дури пет од нив ѝ припаднаа на Македонија.
Македонија киксна против Малта само на пријателски меч во Катар (1-1) пред 13 години, но на останатите дуели секогаш славеше.
Дуелот се игра вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ од 20.45 часот.