Македонија од трет шешир ги чека ривалите за СП 2025


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација вчера славеше против Фарски Острови и обезбеди пласман на Светското првенство (СП) во 2025 година.

Македонија на 29 мај ќе ги дознае ривалите на СП 2025, а ќе ги чека од третиот шешир каде што се уште и Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Италија, Јапонија и Алжир.

Во првиот шешир се Данска, Франција, Шведска, Германија, Шпанија, Унгарија, Словенија и Египет.

Во вториот шешир се Австрија, Норвешка, Португалија, Хрватска, Чешка, Полска, Исланд и Холандија, додека во четвртиот се Бахреин, Тунис, Чиле, Кувајт, Зеленортски острови, Гвинеја, САД и една селекција ќе добие вајлд-карта.