Македонија одигра многу подобро од натпреварот со Естонија, но забележа пораз на гостувањето кај Русија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија забележа пораз на гостувањето во Перм кај Русија со 77:67.

Избраниците на Александар Тодоров одлично го почнаа натпреварот, а првата четвртина ја добија во своја корист со 20:19.

Во вториот период игравме исто така добра кошарка, а на крајот домашната Русија на полувреме замина со два коша предност.

Третата и посебно четвртата четвртина беа за заборав, нашите кошаркари како да загубија сила, па Русија дојде и до највисоките плус десет што ги задржа и до крајот на натпреварот.

Сепак, можешеда се забележи дека одигравме на нешто повисоко ниво од натпреварот со Естонија, па покажавме дека може да се надеваме на нешто за натпреварот со Русија во Скопје.

Искусниот Виталиј Фридзон беше најпрецизен на теренот со 23 поени, додека во нашиот тим најмогу поени имаа Андреј Магдевски и Шејн Витингтон (14 поени).