Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација остана без Аријан Адеми за натпреварот против Романија во квалификациите за Светското првенство во 2022 во Катар.
Селекторот Игор Ангеловски ќе мора да најде замена за него во составот, иако Адеми има шанси да се врати на дуелите против Лихтенштајн и Германија, кои се играат до крајот на месецов.
Секако, дозвола за настап на Адеми на натпреварите против Лихтенштајн и Германија се чека и од Динамо Загреб, кој за две недели во Лига Европа ќе се соочи против Виљареал.
Поради повреда од составот веќе отпадна Иван Тричковски, додека Тихомир Костадинов и Ѓоко Зајков добија позитивни тестови на тестирањата во клубовите. Дополнителен повик добија Стефан Ашковски и Агим Ибраими.