Македонија остана без Елмас и Костадинов за баражот против Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација во баражот за Светското првенство (СП) нема да може да смета на Елиф Елмас и Тихомир Костадинов.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) требаше да ги укине суспензиите за баражот, но тоа не се случи, па организацијата реши да ги поништи само жолтите картони на фудбалерите.

Поништени се картоните на фудбалерите кои беа под закана за суспензија за настапот во финале, па така Елмас и Костадинов ќе паузираат во полуфиналето, а би можеле да настапат во финалето ако избориме пласман.

Натпреварот против Италија е закажан за 24 март.