Македонија остана без Јагуриноски за дуелот со Холандија!

Македонија утре од 18 часот ќе се соочи против Холандија, но ќе игра без десниот бек Томислав Јагуриноски.

Јагуриноски се повреди во средбата против Норвешка (27-39), па селекторот Кире Лазаров го повика Давид Савревски како замена за него.

Савревски отпадна заедно со Цветан Кузмановски и Марко Кизиќ пред заминувањето за Краков, но сега се враќа во репрезентацијата.