Македонија остана без Пандев, Адеми, Алиоски и Димитриевски за дуелот со Естонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонија ги продолжува натпреварите од новата сезона во Лигата на нации во дивизија Ц, каде што ги очекува натпревар против Естонија, но селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на неколку репрезентативци.

Ангеловски остана без услугите на Горан Пандев, Столе Димитриевски, Езгјан Алиоски и Аријан Адеми за натпреварот против Естонија, додека за Ерменија би можел во конкуренција да се врати Алиоски.

Димитриевски е суспендиран поради црвениот картон со Грузија на претходниот дуел, Алиоски нема да игра против Естонија поради жолти картони, Адеми е повреден, а Пандев е ослободен од обврските.