Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонските фудбалери ги почнаа подготовките за третата сезона во Лигата на нации, но селекторот Благоја Милевски не може да смета на Стефан Ристовски и Едал Ракип.
Ристовски е повреден и не може да игра за репрезентацијата, додека Ракип е ослободен поради приватни причини.
Милевски го објави списокот уште претходно, но на него ги нема Аријан Адеми и Адис Јаховиќ, кои се ослободени од обврските поради тоа што имаа напорни сезони.
Енис Барди ќе биде капитен на репрезентацијата на дуелите од Лига на нации во отсуство на Ристовски, а Милевски нема да повика нови фудбалери.