Македонија остана без тројца фудбалери за мечот против Естонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската репрезентација на утрешниот меч нема да може да смета на тројца фудбалери. На гостувањето против Естонија од 18 часот во Лигата на нации нема да настапат Егзон Бејтулаи, Аријан Адеми и Кристијан Тошевски.

Двајцата стартери од мечот против Косово не заминаа на гостувањето, додека Тошевски исто така испадна од конкуренција.

Дополнителен проблем за Македонија е тоа што не може да смета ниту на Висар Муслиу, кој беше суспендиран поради црвен картон заработен против Грузија во претходното коло од Лигата на нации.