Македонија освои бод против моќната Англија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против Англија во последниот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Репрезентативците на Македонија одиграа одличен меч, а до водство стигнаа во завршницата од првото полувреме. Енис Барди изведе пенал, но ударот му го одбрани Пикфорд, меѓутоа македонскиот фудбалер не згреши при одбиената топка.

Англија до реми доаѓа со голот во 58. минута кога Кејн со глава го матира Димитриевски по центар-шутот на Фоден.

Македонија до крајот успешно се бранеше од нападите на Англија и освои голем бод.