Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација остана без погодок за водство во финишот од првото полувреме, откако голот на Елиф Елмас беше поништен од страна на судијата.
Асистентот покажа офсајд, па така донесе голема одлука во финишот на првото полувреме. Елмас испрати удар кон голот на Словенија и ја погоди нивната мрежа, а на патот на топката се најде Бобан Николов.
Навистина штета за нашата селекција, зашто можеше да има големо водство против гостите од Словенија, а така ќе беше на чекор до освојување на три бода и приклучување во трката за пласман на Европското првенство во 2020 година.