Македонија пред 29 години го одигра првиот меч (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација на 13 октомври 1993 година го имаше дебито, и тоа на пријателски меч со Словенија во Крањ, кога триумфираа со 4-1.

Селекторот Андон Дончевски ги предводеше фудбалерите до убедлив триумф од 4-1, а првиот гол беше дело на Зоран Бошковски – Чоко.

Во листата на стрелци за Македонија се запишаа и Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драги Канатларовски.