Македонија прокоцка седум разлика и ремизираше со Чешка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација вечерва го играше првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство (СП) 2023 кај Чешка и на крајот ремизираше со 24-24.

Македонските ракометари играа одлично во текот на мечот и во првото полувреме речиси постојано одржуваше предност од четири голови, додека на полувремето заминавме со 13-10.

Македонија отвори со серија од четири гола во второто полувреме (17-10), по што ракометарите се опуштија во завршницата, а тоа го искористи Чешка, која дојде до израмнување во последните секунди од мечот.

Реваншот се игра на 17 април во Скопје, а Македонија ќе се обиде да избори место на СП 2023.