Македонија против стари познаници ќе брка пласман на СП 2023


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонските ракометари не се прославија на Европското првенство (ЕП) во ракомет, но сега ќе имаат шанса да се пласираат на Светското првенство (СП) во 2023 година, кое ќе се одржи во Шведска и Полска.

„Црвено-жолтите“ во првиот круг од баражот ја добија Романија со која се соочивме во баражот за пласман на СП 2019, а доколку македонските ракометари успеат да слават, тогаш ќе си закажат меч против Чешка.

Македонија е домаќин против Романија на 16 или 17 март, по што реваншот се игра на 19 или 20, а ако победиме, тогаш вториот меч против Чешка се игра во април.