Македонија против Тунис ќе ја бара втората победа на СП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските ракометари по трите порази на Светското првенство (СП) конечно триумфираа против Алжир со убедливи 40-25.

Репрезентацијата на Македонија се надева и на втора победа на Президент Купот на СП, а денеска ривал ќе ни биде Тунис од 18 часот.

Тунис во првото коло го совлада Мароко со 30-25 и нема да биде лесен противник, но Македонија веќе има една победа против нив, и тоа пред шест години со 34-30.

Македонија последниот меч во групната фаза на Президент Купот го игра на 23 јануари против Мароко.