Македонија ремизираше со Израел, Елмас пропушти шанса за голем триумф во Тел Авив (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија ремизираше на гостувањето кај Израел со 1:1 и со добар резултат ќе оди на гостувањето во Летонија.

Македонија беше рамноправен противник, а имаше далеку поголеми шанси за нов погодок од домашната селекција, но на крај мораше да се задоволиме само со реми.

Израел дојде до водство со голот на Захави во 55. минута по едно несогласување во нашата одбрана.

Сепак, по само девет минути Адеми го изедначи резултатот по одличниот центаршут кој го упати Езгјан Алиоски.

Нашите момци имаа шанса и за победа кога Пандев одлично го проигра Елмас, но фудбалерот на Наполи наместо да шутира се реши за подавање, иако беше очи в очи со противничкиот голман. Таа намера ја спрече еден од одбранбените фудбалери на Израел, па на крајот двете репрезентации ги поделија бодовите.